Отворен „Детски летен камп 2024“

На кошаркарското игралиште во Марино денеска беше отворен „Детскиот летен камп 2024“ во организација на Студио МАРБАЛ и таеквондо клубот МЛАДОСТ а со поддршка на Општина Илинден. Кампот е отворен за сите дечиња на возраст од 6 до 14 години да се дружат и забавуваат во сите предвидени содржини.

Санација на фудбалските игралишта

Општина Илинден интензивно работи на санација, реконструкција и изградба на спортските терени на нејзина територија. Во изминатиот период се изврши санација на тревната површина на три фудбалски терени, од кои еден во Кадино и два во Марино.