Асфалтирана улицата покрај новото училиште
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Асфалт доби новата улица „6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Улицата е во должина од 120 метри и широчина 5,5 метри, а по целата должина на улицата од двете страни изградена е и пешачка патека во широчина од 2,5 метри.