Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев”

Детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден со завршна приредба испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.