Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од Кадино
Отпочна изградбата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за дел од населено место Кадино, во општина Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред…