Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Во присуство на голем број верници во новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден, се одржа литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители, по повод големиот христијански празник Свети Константин и Елена.

СООПШТЕНИЕ

се известуваат сите жители на општина Илинден дека јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2024 година е затворен поради исцрпување на финансиските средства поради што повеќе нема да се примаат барања во архивата на општина Илинден.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев” во општина Илинден

Во знакот на фолклорот и традицијата учениците од ООУ „Гоце Делчев” со бројни активности и културно уметничка програма го одбележаа патронатот на училиштето и 121. годишнина од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.