Бесплатна анализа на почвата во општина Илинден
Со цел унапредување на земјоделието, Општина Илинден и оваа година спроведе акција за испитување на квалитетот на обработливата почва од 20 локации од целото подрачје на општината во сите населени места. Агрохемиските анализи за квалитет на почва се направени во акредитирана лабораторија на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.