Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Со положување свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци беше одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци. Цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, дирекротот на ООУ Браќа Миладиновци Дарко Петковски, директори на училишта, јавните претпријатија, здруженија.