Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.