Увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.