Шаренило од маски на Априлијада 2024 во Општина Илинден

Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, по повод Денот на шегата 1ви април. Супер херои, самовили, пчелки, војници, пеперутки, принцези, со разни костуми учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.