Општина Илинден и Макпетрол потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“
Општина Илинден и „Макпетрол“ потпишаа Меморандум за соработка за проектот „Крени глас против врсничко насилство“. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорката на Макпетрол, Марија Јосифовска Спасовска, пришто се утврдуваат активностите за спроведување на проектот во основните училишта на територија на општина Илинден.