Реконструкција на улици во Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта,  деновиве започна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.