Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци
Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. Во рамки на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.