Објавен Јавен повик за субвенции на велосипеди во општина Илинден
И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување на субвенции за купување на велосипеди. Јавниот повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година, предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.