Светиот крст во рацете на Дејан Ристовски од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положи владиката Јоаким од Дељадровско – Илинденска Епархија и свештениците на црквата Св. Константин и Елена.