Пуштено во употреба ново детско катче во Мршевци

Општина Илинден го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Мршевци. Станува збор за детско игралиште на кое се поставени нови детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина,  нова заштитна ограда, како и терен за баскет кој е во финална фаза.

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: Изградба на земјоделски објекти за интензивно живинарство во КО Мршевци, општина Илинден

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015, 36/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22 и 171/22), ја известува заинтересираната јавност…