Отворен ден со граѓаните на Општина Илинден, презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2024 година

Општина Илинден е транспарентна во комуникацијата со граѓаните. За таа цел во просториите на Општина Илинден денеска се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2024 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.