Осветен новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден
Денеска во присуство на голем број верници беше осветен новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден. По тој повод се одржа заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители.