Одбележана Детската недела во општина Илинден
Под мотото „Јас и светот околу мене“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“ и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно уметничка програма, во која дечитара глумеа, играа, пееја и другаруваа.