Во Општина Илинден се одржува меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2023 “

Општина Илинден од денес до недела ќе пулсира во духот на спортот. На спортските терени во Марино и Кадино се одржуваат фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“. На турнирот учествуваат околу 120 европски, балкански и македонски клубови со околу 1000 учесници деца на возраст од 8 до 12 години.

Отпочна реконструкција на локалниот пат Илинден – Хиподром

Во рамки на проектот за Реконструкција на локалните патишта и улици, Општина Илинден отпочна со реконструкција на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром.