Општина Илинден започна со изградба на игралиште за баскет во Мралино

Општина Илинден продолжува со засилено темпо во изградба на спортски терени во повеќе населени места. Денеска започна изградбата на игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино, во должина од 15 метри и ширина 15 метри.