Отворени училишните врати за сите ученици на територија на општина Илинден

Успешен почеток на новата учебна година во општина Илинден. Училиштата подготвени ги дочекаа околу 2000 основци и над 300 средношколци. Училишната годината започна во трите централни и шест подрачни училишта, а за прв пат во училишните клупи седнаа 180 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани околу 70 средношколци.

Јавна анкета и јавна презентација по Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план вон населено место Илинден, за дел од стопански комплекс КО Илинден вон град

Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.весник на РСМ’’ бр.32/2020), Градоначалникот на Општина Илинден, го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Предлог планот за Изменување и дополнување на УБ3 и УБ4 од Урбанистички план…