Нов паркинг простор во ООУ ,,Гоце Делчев”

Пуштен во употреба новиот паркинг простор на ООУ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден кој е со капацитет за повеќе од 30 возила. Паркинг просторот е изграден во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м², ограден со зелена површина, како и посебен  дел за велосипеди.

Известување

Почитувани, Ве известувме дека во рамки на проектот за реконструкција на коловозот на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, во деновите 13 до 15 јуни 2023 година (вторник, среда и четврток), ќе се врши асфалтирање на коловозот со нов асфалтен слој и патот ќе биде целосно затворен за сообраќај, со цел навремено и квалитетно да бидат завршени градежните…

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 15.06.2023 год. (четврток) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.