Посета на фондацијата Westminster и Клуб на млади пратеници во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со  претставници од фондацијата Westminster како и пратеници од Собранието на Република Македонија, кои се дел од Клуб на млади пратеници, претставниците на Локален младински совет во општина Илинден, како и претставници од Советот на Општина Илинден.

Училиштен летен камп за учениците од општина Илинден

За прв пат Општина Илинден организира училиштен летен камп во македонските туристички центри за најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта. Дел од училиштниот летен камп имаат можност да бидат  учениците кои во текот на учебната година постигнале високи резултати во делот на спортот, првенци на генерација, носители на награди од различни училишни натпревари.