Во завршна фаза реконструкцијата на детско игралиште во Миладиновци во општина Илинден

Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Миладиновци, која е во завршна фаза. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставена е гумирана подлога, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Во наредните денови ќе се санира и оштетената заштитна ограда на детското игралиште.