Меѓународен џудо турнир ,,Скопје Опен 2023” во општина Илинден

Во спортската сала ,,Гоце Делчев”  во општина Илинден денеска свечено беше отворен Меѓународниот џудо турнир ,,Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на џудо клубот ,,ИПОН” од Скопје а учествуваа преку 250 учесници од џудо клубови од Македонија, Молдавија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово, Србија, Албанија, Турција и Романија.