Со ,,Саем на домашно вино” и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден
Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.