Засадени нови високорастечки садници покрај новото основно училиште во Илинден
Продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“ при што денеска беа засадени околу 20-тина декоративни високорастечки дрвца од видот Јапонска цреша, а кои се донација од ТАВ Македонија. Во рамките на оваа акција и во наредниот период ќе бидат засадени над 200 разни декоративни садници на повеќе локации на територија на општина Илинден.