Одржана трибина по повод годишнината од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски

По повод 113. години од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски, во Домот на културата „Илинден“, во организација на Здружението за чување и негување на македонската традиција „Македонски Аманет“, беше одржана трибина за ликот и делото на скопскиот војвода.