Се конституираше Локалниот младински совет на Општина Илинден

Денеска во просториите на Општина Илинден се конституираше Локалниот младински совет на кој присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски кој им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики.

Известување за прекин во снабдување со електрична енергија

Се известуваат корисниците на ул. 2 во делот околу основното училиште во Општина Илинден, дека поради реконструкција на нисконапонската мрежа, на ден (понеделник) 07.11.2022 година, ќе останат без снабдување со електрична енергија во период од 09 до 14 часот.