Општина Илинден отпочнува со реконструкција на повеќе локални улици
Oпштина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката локална патна инфраструктура. Деновиве се отпочнува со реконструкција на повеќе локални улици низ општината, со што ќе се создадат подобри услови за живеење, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот.