Меморандум за соработка помеѓу Општина Илинден и компанијата Џонсон Мети

Општина Илинден и компанијата “Џонсон Мети” потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој англиската компанија за производство на катализатори ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште “Илинден”.