Во Општина Илинден отворена е канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје

Во рамките на просториите на Општина Илинден денеска е отворена канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, Лиридон Бафтији.