Градоначалникот Георгиевски ја посети компанијата „Аптив“ во ТИРЗ 1

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска ја посети една од најголемите компании во Европа за автомобилски делови „Аптив”, каде оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Аптив во Македонија, Пиетро Стерпоне. Компанијата „Аптив“ е лоцирана во Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1 и во истата се вработени повеќе од 500 лица.