НОЌНА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН
Со цел подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите на општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до н.м. Мралино во деновите сабота и недела во терминот 00:15 часот.