Општина Илинден донира смарт таблети за учениците од ООУ „Ристо Крле”

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, денеска додели 34 смарт таблети во ООУ „Ристо Крле”, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од IV одделение, со цел успешно следење на наставата, по новиот концепт и програма.