Општина Илинден и здружението Еко Логик потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието

Општина Илинден и Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој – Еко Логик, потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со цел имплементирање на проектот „Вело Училишта” наменет за учениците од основните училишта на територија на општина Илинден.