Општина Илинден и компанијата Макдиа потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието
Општина Илинден и компанијата Макдиа ДОО Илинден потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во СОСУ „Илинден.Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Макдиа, Мирјана Ранчанов.