Со изградбата на новото училиште во општина Илинден ќе се овозможи целодневен престој и сензорна соба за децата со попреченост

Во општина Илинден од следната учебна година за прв пат ќе биде воведен целодневен престој за најмладите ученици, а ќе биде отворена и сензорна соба за децата со попреченост, што ќе биде новитет кај нас.

Општина Илинден и компанијата Аспектус Фарма потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието

Општина Илинден и компанијата Аспектус Фарма ДОО експорт-импорт потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој оваа иновативна и кооперативна компанија ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“.Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Аспектус…