Градоначалникот Александар Георгиевски ги прими таеквондистите кои од меѓународниот турнир во Ниш донесоа 14 медали

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски ги прими членовите на таеквондо клубот „Хулк Таеквондо Академија”, кои учествуваа на меѓународниот натпревар „Куп на Ниш”, во Србија, при што се закитија со 14 медали, од кои 6 златни, 7 сребрени и еден бронзен медал.