Континуирано чистење на отворените одводни канали
Во текот на месец октомври општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје изврши машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот низ централниот дел на Миладиновци. Исчистени се 2700 метри (планирани беа 2500 метри), при што се отстранети трска, капини, шавор и друг наносен материјал.