Продолжува реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден“ при што денеска беа засадени околу 20-тина декоративни високорастечки дрвца од видот Јапонска цреша, а кои се донација од ТАВ Македонија. Во рамките на оваа акција и во наредниот период ќе бидат засадени над 200 разни декоративни садници на повеќе локации на територија на општина Илинден.
Во засадувањето на садниците учествуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, кои истакнаа дека спроведувањето на активности од овој вид, се од огромно значење за граѓаните на општина Илинден, преку кои се придонесува за поздрава животна средина и почист воздух. Еколошките акции во рамки на проектот ,,Зелена Општина Илинден” се врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа, кои продолжуваат и понатаму да се спроведуваат на цела територија на општината.