Prijavi problem

Профил на општината

Објавено на: 14.07.2009 - 21:08

Профилот на Општина Илинден има за цел да обезбеди информации за Општината кои може да се користат како пристап во идентификувањето и имплементирањето на иницијативи за развој на Општината или, како место за живеење и вложување кое е во голем подем за локален економски развој. Тој се базира на информации кои се превземени од заводот за статистика и релевантни документи на Општината (истражувања, стратегии, монографија на Општината и др). Конкретно профилот на Општина Илинден има цел: Претставување на моменталната состојба во различни сегменти, како и капацитетите и ресурсите кои како општина ги овозможува на своите жители.

Географска положба

Општина Илинден се наоѓа на географски координати 41°59′45″N 21°34′55″Е, во непосредна близина на главниот град Скопје, поточно на само 10 км оддалеченост од потесното градско подрачје. Временската зона е CET (UTC+1). Го зафаќа источниот делна Скопската котлина, на тромеѓето Скопје-Куманово-Велес. Седиштето на Општината сенаоѓа во н.м. Илинден, поранешно Белимбегово.Во основа, територијата на Општината има рамничарска морфологија на теренот со80% од површината, а 20% е мал ридест дел во северозападен правец на падините одСкопска Црна Гора.Од запад се граничи со Општина Гази Баба, од северозапад со Општина Арачиното, одсевер - североисток со Општина Куманово, а од исток и од југ со Општина Петровец. Порадисвојата географска положба и богатата инфраструктура, Општина Илинден претставуваодлична средина за индустриски и економски развој.

Хидрографија

Општина Илинден има скромна хидрографија, бидејќи на својата територијата немапостојани природни водотеци, освен сливот на Сува река, кој го сочинуваат две помалиреки кои се во поголемиот дел од годината пресушени. Сува река се формира од двепритоки, од кои едната минува низ населените места Бучинци, Мршевци и Бујковци содолжина од 6.000 метри, а другата поминува низ населените места Дељадровци, Текија иМиладиновци со должина од 4.000 метри и продолжува кон Петровец со должина од 5.000метри, наводнувајќи ги овие подрачја. На поголем дел има отворени одводни канали заодводнување на површинската и високата подземна вода кои се користат и за наводнувањена земјоделските површини.Каналската мрежа која е дел од системот Скопско Поле сесостои од главни, секундарни и терцијални канали за одводнување на површините, чијавкупна должина изнесува околу 100 км.Исто така, постои и мала вештачка акумулација на Сува река кај н.м. Бучинци соповршина од околу 2 ha и длабочина 3 до 4 метри која се користи за собирање нанадојдените води од падините на Скопска Црна Гора и заштита од поплава на населенитеместа по сливот на реката (Мршевци, Бујковци и Миладиновци). Во минатото, се користелаза наводнување на земјоделските површини во околината. Во тек на подолготраен сушенпериод и оваа акумулација пресушува.

Геолошка структура и релјефни карактеристики на теренот

Територијата на Општината се наоѓа меѓу 230 и 550 метри надмосрка висина помеѓусуво земјиште на исток и север, a барско на јужната и западната страна. Од геолошка гледна точка, застапени се претежно делувијални почви настанатисо ерозија и транспортирање на матичниот субстрат на почвата од повисоките ридскипредели, со помош на површинските води и водотеци настанати од поројни врнежи. Почватанајчесто е песокливо-илеста, лесно цедлива, пропустлива, топла и добро аерирана. Содржинизок процент на инертна влажност и низок воден капацитет, поради што е подложна насуша. Исто така, застапени се разновидни глини, сиво-бели лапорци, песоци, слабо врзанипесочници, крупно зрнести песоци, глиновити песоци. Просечниот литолошки составпретставува глина со тенки прослојки и млазеви од песокливи и прашнести глини кои седобро збиени и водонепропустливи. На територијата на Општината издвоени се следнивегеолошки формации: квартер, неоген, креда, тријас, рифеј и прекамбриум. Територијатана Општината лежи на алувијален нанос и органомочуришни седименти кои се развилево текот на квартер. Алувијалните наноси претставуваат мека и трошна маса погодна заобработување. Органогено-мочуришните седименти се застапени во најголем дел одповршината на Општината. Овие седименти се изградени од органогена тиња со високасодржина на хумусна материја, поради што, денес тоа е најплодна почва. Поголемиот дел одтериторијата на Општината е под 400 м. н.в. и е благобрановиден со падови кои постепеносе спуштаат кон полето наречено Блатија. Затоа и на територијата на Општина Илинден,поради рамничарскиот релјеф, отсекогаш постоеле поволни услови за одгледувањена мошне квалитетни земјоделски култури. Покрај ова, во рамничарските предели наОпштината процесот на ерозија е слаб, што придонесува негативните последици да бидатминимални.

Климатски карактеристики

Климатските карактеристики во Општина Илинден произлегуваат од повеќефактори: географска положба, влијанието на Егејското Море, надморската височина илокалните орографски услови. На територијата на Општината се чувствуваат влијанијатана континенталната и на медитеранската клима. Влијанието на медитеранската клима епослабо, додека влијанието на континенталните воздушни маси, кои преку КачаничкатаКлисура и Кумановско-Прешевската превлака од север и северо-запад навлегуваат натериторијата на Општината, е посилно.Климата е со модифицирано медитеранско и континентално влијание коеманифестира посебна месна клима. Летата се топли, дури и многу топли и суви, а зимите сеумерено студени. Есента е потопла од пролета, а апсолутното колебање на температуратапретставува јасен показател за континенталноста на климата. Средната годишнатемпература на воздухот изнесува 12,2OC. Апсолутната максимална температура изнесува41,5OC, а апсолутниот минимум изнесува минус 25,6OC. Во летните месеци средниот месеченмаксимум изнесува 30,9OC, а дневниот 35,8OC. Минимални температури се регистрираат војануари со средно месечен просек од +0,2 OC и среден месечен минимум од минус 3,4OC.Висината на атмосферските врнежи се движи околу 500 мм годишно, а средно годишнатарелативна влажност на воздухот изнесува 70%. Врнежите, главно, се застапени со дожд,додека снежната покривка се задржува просечно 25 дена во годината. Има просечно 63дена со магла, а годишната инсолација изнесува просечно 2.102 сончеви часови.Ветрови се јавуваат од сите правци и меѓуправци, а преовладува Вардарецот кој дуваод северозападен правец. Средната брзина на ветерот е приближно иста во сите правции се движи од 6 до 8 m/s, а максималната брзина е измерена од североисточен правец иизнесува 23 m/s.

Вегетација и животински свет

Растенија (флора)

 

Поради специфичните природни услови и промени на климата на ова подрачје,растителните видови се присутни во мал број. Преовладува тревната заедница попасиштата, а природната вегетација е многу малку и фрагментно застапена со поединечнидрвја и грмушки.На ваквата состојба негативно влијание имал и човечкиот фактор, кога шумите биленеконтролирано и безмилосно сечени за огрев. Исто така, развојот на сточарствотопридонел за намалување на шумскиот фонд.Од природната шумска вегетација се среќаваат остатоци од некогашна шумскабиоценоза и тоа, како поединечни стебла од даб благун, полски брест, дива круша, врба,чалија, дива роза и др.Во последно време евидентно се забележува антропогенизацијата на територијата наОпштината, особено при пошумувањето на голини и пасишта. Пошумувано е претежно соаризонски чемпрес, црн бор, јасен, багрем и др. Овие видови формираат добро склопении квалитетни шумски појаси со големо заштитно-еколошко значење кои ќе придонесат занамалување на негативните влијанија врз животната средина.

На територијата на Општина Илинден постојат само 20% листопадни и 80% зимзеленишуми од вкупно 50 хектари површини под шуми, што претставува 0.046% од вкупнатаповршина на Општината. Од оваа површина под шуми, 10 хектари се во приватнасопственост, а 40 хектари се во општествена сопственост.Со цел да се збогати шумскиот фонд реализирани се повеќе акции за пошумување,при што на неколку локации пошумена е површина од 590 хектари.

Животни(Фауна)

Поради релативно малата површина на Општина Илинден, екосистемот на флората ифауната не се одликува со некоја позначајна разновидност.Од цицачите присутни се: зајак, јазовец, волк, лисица, крт, еж, желка и др.Од птиците евидентирани се: јастреб кокошкар, јастреб врапчар, сива врана, страчка,полска еребица, кукавица, врабец, ластовичка, пупунец, гавран, гугутка, див гулаб, штрк и др. Класатa на влечугите ја претставуваат повеќе видови гуштери, смок, пепелавиотпоскок, шарка, шарен дождовник и др.

 

Профил на општина Илинден во PDF формат за download - македонски

Профил - english

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013