Prijavi problem

Женската екипа во футсал на ООУ „Браќа Миладиновци“ по 9-ти пат шампион на Скопје

Објавено на: 13.03.2017 - 14:22

Женската екипа во футсал  на ООУ „Браќа Миладиновци“ по 9-ти пат ја освои титулата првак на Скопје, на првенството организирано од Сојузот на училишен спорт на град Скопје.

Во финалето екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“ ја совлада екипата на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ од Општина Ѓорче Петров, со резултат од 3-0, со што избори пласман  на државните спортски игри што во месец мај, годинава, ќе се одржат во Кочани.

Финалните натпревари на градското првенство на кои учествуваа шест екипи, се одржаа во спортската сала на ООУ „Тихомир Милишевски“, во Општина  Ѓорче Петров.

Со овој успех фудбалерките на ООУ „Браќа Миладиновци“, кои во 2011 година го освоија државното првенство во футсал, уште еднаш покажаа дека преку добро  организираниот систем на работа во училишниот спорт во Општина Илинден во континуитет се постигнуваат одлични резултати на градските и на државните првенства.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013