Prijavi problem

Заштитната облека и обувки за Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“

Објавено на: 07.03.2017 - 08:26

Противпожарниот сојуз на Македонија донираше пет комплети на заштитни одела и пет пара заштитни обувки на Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“. Заштитната облека и обувки се наменети за доброволните пожарникари од Општинскиот  противпожарен сојуз „Илинден“, за нивна обука и учество во интервенции на гасење пожари на отворен простор.

Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ во соработка со Општина Илинден до почетокот на летниот период ќе обезбеди заштитна облека и обувки и за останатите  доброволни пожарникари, како и неопходна опрема за гаснење пожари на отворен простор. 

Во текот на месец март  Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ почнува со спроведување на предвидените активности  поврзани со кампањата „Да ги заштитиме шумите од пожари“.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013