Prijavi problem

Во крводарителската акција по повод Денот на Општината обезбедени 45 шишиња крв

Објавено на: 20.07.2017 - 13:27

Во рамките на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ во Домот на култура „Илинден“ се реализираше традиционалната крводарителска акција во која 45 крводарители ја даруваа драгоцената течност што значи живот.

Како што велат во Црвениот крст на Република Македонија, во чија организација се реализираше акцијата, ова е една од досега поуспешните крводарителски акции во Општина Илинден, пред се поради тоа што таа се одржува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните се на годишни одмори.

И овој пат, според зборовите на вработените во Црвениот крст граѓаните на Општина Илинден ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело, преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот. Зашто, крвта е незаменлив лек, а секоја дадена капка од оваа драгоцена течност некому многу значи.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013