Prijavi problem

Вицепремиерот Владимир Пешевски ja посети Општина Илинден

Објавено на: 31.05.2011 - 09:23

Во посета на Општина Илинден престојуваше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски. Присуството на Заменик Претседателот беше искористена за посета на повеќе стопански субјекти во општината каде беше разговарано за условите во кои што функционираат стопанските субјекти и запознавање со проблемите со кои соочуваат истите. 

За време на посетата вицепремиерот Пешевски, заедно со Градоначалникот Жика Стојановски ги посетија компаниите “Мултипром“, “Форнети“, “Агроунија“ и “Пекабесно“, при што со сопствениците на овие фирми разговараше за тековните состојби во стопанството како и политиката на Владата и локалната самоуправа за потпомагање во развојот на стопанството.  

На подрачјето на Општина Илинден денес егзистираат над 650 стопански субјекти. Во периодот на децентрализацијата 2006-2011 година, покрај економската зона Бунарџик, во деветте економско индустриски зони во Општина Илинден, реализирани се  70 домашни и странски инвестиции во висина од 150 милиони евра, со генерирани 750 нови работни места.

За време на посетата на Општина Илинден беше посетена и локацијата во населеното место Миладиновци почна да се гради нов локален пат што треба да го спои ова населено место со автопатот Е-75. Со изградбата на овој локален пат граѓаните од овој дел на општината ќе намалат повеќе од шест километри да дојдат до административниот дел на општинта и градот Скопје.

 
 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013