Prijavi problem

Успешно реализирана 12-та Меѓународната литературна манифестација „Илинден 2011“

Објавено на: 31.05.2011 - 07:29

Oпштина Илинден, традиционално по 12-ти пат ја организираше Меѓународната литературна манифестација „Илинден 2011“. Терасата на хотелот Бест Вестерн-Белви беше претеcна да ги прими сите оние љубители на поетскиот збор што сакаа да присуствуваат на централниот настан на оваа манифестација-Поетскиот митинг. 

Во присуство на министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска и градоначалникот Жика Стојановски, над триесеттина домашни и странско реномирани поети се претставија со своите најнови творби што предизвика вистинско воодушевување кај публиката. 

Со бурни аплаузи беа поздравени годинешните добитници на Повелбата за постигнати високи литературни вредности, истакнатите автори Благоја Иванов и Илхами Емин. Осврт кон нивното дело даде  писателот Паскал Гилевски, во присуство и на минатогодишниот добитник на Повелбата за животно дело, Матеја Матевски. 

На манифестацијата продефилираа многу реномирани автори како Иван Чаповски, Михаил Ренџов, Ресул Шабани, Тодор Чаловски, Братислав Ташковски Билјана Станковска, Панде Манојлов, Елена Пренџова... Но, и гостите од странство Тања Попова од Бугарија, Љерка Тот Наумова од Хрватска, Спасе Мазенковски од Албанија, Думитру М.Јон од Романија...

На оваа манифестација, поддржана од Министерството за култура и Друштвото на писателите на Македонија, традиционално како и во изминатите години, посебен акцент беше ставен на афирмацијата на младите поети. Настапот на младите поети, што му претходеше на главниот настан-Поетскиот митинг, на кој учествуваа дваесеттина млади поети, отсекогаш привлекувал посебно внимание, со оглед на тоа што ова е одлична шанса овие неафирмирани автори да ги презентираат своите достигнувања во областа на поезијата. На најдобрите три млади автори им беа доделени соодветни награди.

Меѓународната литературна манифестација  „Илинден 2011“ беше збогатена и со традиционалното Литературно матине за деца, потоа со ликовни изложби, рецитали на стихови...

На Литературното матине за деца што се одржа во ОУ “Гоце Делчев“, во н.Илинден,  настапија писателите за деца, односно популарните поети меѓу нашите помлади читатели, Перо Миленковски, Македонка Јанчевска, Горјан Петрески, Наум Попевски, Стојан Тарапуза, Киро Донев, Христо Петревски и Александар Поповски. 

Со свои творби се претставија и учениците од основните училишта во Општина Илинден, а на авторите на најдобрите три песни од секое од трите училишта им беа доделени соодветни награди и пофалници.

Годинешната Меѓународната литературна манифестација  „Илинден 2011“, зачната пред 12 години во чест на починатиот поет од Општина Илинден, Драган Крушкаровски, уште еднаш ја оствари својата цел-интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања. Успеа во намерата да ја запознае пошироката културна јавност со творештвото и постигнувањата во опкружувањето и пошироко, но и со достигнувањата на современата македонска поезија во странство. Посебно радува податокот што од година во година се поголем е бројот на домашните, но и на странските учесници на овој поетски хепенинг, кој добива се поголема меѓународна афирмација.

 
 
 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013