Prijavi problem

Унгарскиот амбасадор д-р Ласло Иштван Дукс во посета на Општина Илинден

Објавено на: 16.02.2017 - 11:14

Амбасадорот на Унгарија во нашата земја д-р Ласло Иштван Дукс престојуваше во Општина Илинден при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски. На средбата стана збор за економските потенцијали на Општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици да инвестираат во Општина Илинден.

Градоначалникот Стојановски на својот гостин  му го презентираше  профилот на општината, можностите што ги нудат локалните економски зони, а го запозна и со реализацијата на капиталните проекти, како и со  можностите за развој на културата, спортот, образованието во Општина Илинден.

Престојот во Општината беше искористен за посета на унгарското катче, што пред две години беше отворено во Општинската библиотека Илинден, во Домот на култура „Илинден“.

Со отворањето на ова литературно катче на посетителите на библиотеката им се понуди можност подобро да се запознаат со унгарската култура, уметност, литература. Унгарското катче содржи книги на англиски јазик кои што имаат тематика од Унгарија, книги на македонски, преведени од унгарски јазик, како и повеќе ДВД со материјали преку кои посетителите можат подобро да ја запознаат Унгарија.

Отворањето на ова катче е резултат на досегашната успешна и богата соработка на Општина Илинден и претставниците на унгарската амбасада во нашата земја која, како што беше истакнато на средбата, ќе продолжи и во иднина.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013