Prijavi problem

Учениците од средното училиште „Илинден“ на практична настава во Кемет Електроникс

Објавено на: 19.03.2018 - 16:17

Учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“ реализираа практична настава во американската компанија за електронски производи Кемет Електроникс. Притоа, тие се запознаа со почетоците на оваа компанија, како и со производите што таа ги изработува во Македонија.

Реализираната практичната настава е во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка во областа на образованието меѓу општина Илинден и Кемет Електроникс, со кој компанијата, меѓу другото обезбедува практична настава, обука и работно ангажирање во сопствените капацитети за учениците од СОСУ „Илинден“.

Меморандуми за соработка со кои се овозможува подигнување на нормите, вредностите и стандардите во образованието, како и подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во средното стручно училиште „Илинден“, општина Илинден досега потпиша со компаниите МЕПСО, Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Ван Хол и ОКТА.

Соработката со бизнис секторот е дел од приоритетите на Општина Илинден во насока на намалување на невработеноста. Тоа беше и главна цел поради која се воведе средно образование кое што профилира кадри според потребите на локалната бизнис заедница, практика од поодамна позната во светот, која што кај нас за прв пат се применува во општина Илинден.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013